Достапни линкови

Власта ќе ја промени политиката за името?


Зграда на владата на Република Македонија
Зграда на владата на Република Македонија
Притискот од ДУИ врз коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ, за брзо зачленување во НАТО, е еден од клучните фактори што ќе придонесе за промена на тврдата политика на власта во однос на спорот за името со Грција, коментираат дел од аналитичарите.
Новинарот Ким Мехмети вели дека ново избраниот претседател Ѓорге Иванов нема легитимитет од Албанците во земјава. Затоа, вели
Претседателот нема никаков легитимитет од Албанците и како таков тој секако ќе бара начин како да го надополни тој легитимитет, и тука ќе направи отстапки
Мехмети, Иванов ќе направи одредени отстапки за прашања што им се битни на Албанците.

„Јас мислам дека и ВМРО и господинот Ѓорѓе Иванов е свесен дека Македонците избраа претседател, но дека Македонија нема претседател. Дека претседателот нема никаков легитимитет од Албанците и како таков тој секако ќе бара начин како да го надополни тој легитимитет, и тука ќе направи отстапки.“

Мехмети вели дека, со негласањето за претседател, Албанците и порачале на ДУИ дека не подржуваат опција што има тврд став кон влегувањето во НАТО.

„Воопшто не зависи од ДУИ колку ќе биде задоволна зависи колку ќе бидат задоволни Албанците коишто на ДУИ им порачаа дека тие не стојат и не може да стојат зад владеачка формација којашто сака Македонија да ја претвори во партиска сопственост и којашто има тврд став кон влегувањето во НАТО.“

Професор Јове Кекеновски вели дека сега мора да се средат односите меѓу коалиционите партнери.
Јас мислам дека расчистување на сметките помеѓу двата коалициони партнери допрва ќе доаѓа. Значи, недоразбирањата и затегнувањето внатре во коалицијата, ние ќе бидеме сведоци дека наскоро ќе се случи, а последиците може да бидат катастрофални за Република Македонија, посебно за извршната власт


„Јас мислам дека расчистување на сметките помеѓу двата коалициони партнери допрва ќе доаѓа. Значи, недоразбирањата и затегнувањето внатре во коалицијата, ние ќе бидеме сведоци дека наскоро ќе се случи, а последиците може да бидат катастрофални за Република Македонија, посебно за извршната власт.“

Иванов, пак, вчера се обиде да го релативизира неизлегувањето на Албаниците, со изјавата дека само дел од нив не излегле на гласање, додека поголемиот дел гласале.

Сепак, веднаш по соопштувањето на резултатите за претседател, Иванов побара подршка за решавањето на спорот за името и како приоритети ги посочи зачленувањето во НАТО и во ЕУ.

„Оваа одговорност подразбира после изборите зафаќање со најсуштествените проблеми во државата, а пред се спорот со името со нашиот јужен сосед. Се надеваме дека со сите институции кои ќе бидат навистина фокусирани за таа цел, за тие три клучни приоритети што ни престојат како држава, ЕУ, НАТО, и решавањето на спорот со името ќе ја имаме повторно вашата доверба.“

За вчера беше најавено дека Иванов ќе се сретне со македонскиот преговарач во спорот за името Зоран Јолевски. Аналитичарите и дел од странските медиуми, сепак, се сомневаат дека новиот Претседател Ѓорге Иванов може многу да прдоинесе за брзо решавање на спорот.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG