Достапни линкови

Стејт департментот со честитки за успешните избори во Македонија


Американскиот Стејт департмент упати честитки до граѓаните на Македонија за успешното заокружување на претседателските и локалните избори. ,,Граѓаните на Македонија, заедно со македонските власти, заслужуваат пофалба за успешно спроведување на овие избори, изјави портпаролот на Стејт департментот Енди Лејни за Гласот на Америка на македонски јазик.
Забележувајќи дека имало одредена загриженост во однос на кампањата, Лејни посочи на проценката на ОДИХР дека двата круга на гласање исполниле поголем дел на стандардите на ОБСЕ. ,,Со нетрпение очекуваме да соработуваме со новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов, за да и помогнеме на Македонија да постигне целосна евроатлантска интеграција, колку што е можно поскоро,, изјави Лејн.
XS
SM
MD
LG