Достапни линкови

logo-print

Продолжува потрагата по преживеани по земјотресот во Италија


Скоро сто и осумдесет загинати, триесетина кои се водат како исчезнати и илјада и петстотини ранети, е најновиот биланс од земјотресот што вчера го погоди италијанскиот регион околу средовековното гратче Л, Акила. Се страхува дека земјотресот што бил со сила од шест запирка три степени според Рихтеровата скала оставил без домови седумдесет илјади луѓе. Спасувачките екипи и во текот на изминатата ноќ работеле во потрага по преживеани под урнатините. Досега тие успеале да извлечат над сто лица.
XS
SM
MD
LG