Достапни линкови

Во Албанија спор меѓу властите и Исламската заедница


Исламската заедница на Албанија остро ја осуди одлуката на албанските власти за забрана на носење традиционални муслимански шамии во училиштата во земјата. Заедницата смета дека со тоа е прекршен Уставот на Албанија, кој го гарантира правото на образование на секој граѓанин. Албанското Министерство за образование одлуката за забрана ја образложува со секуларноста на државата и ставот дека „училиштата не се место за извршување верски активности“.
XS
SM
MD
LG