Достапни линкови

logo-print

Обама – Соединетите Држави не се во војна со исламот


Американскиот претседател Барак Обама кој е во посета на Турција во обраќањето пред Парламентот во Анкара изјави дека односите меѓу Америка и муслиманските земји биле затегнати, но посочи дека Соединетите држави не се во војна во исламот. „Исто така сакам јасно да ставам до знаење дека американските односи со муслиманскиот свет, неможе и нема да се засноваат на нашето споротивставување на тероризмот. Трагаме кон пошироко ангажирање засновано врз меѓусебен интерес и почитување“, рече Обама во обраќањето пред турскиот парламент. Тој исто така ја повика Турција да ги забрза реформите со цел зачленување на земјата во ЕУ. Претходно денеска Обама оствари средба со турскиот претседател Абдула Ѓул при што ги охрабри разговорите меѓу Турција и Ерменија за решавање на отворените прашања и нормализирање на односите.
XS
SM
MD
LG