Достапни линкови

Три години затворска казна за Тупурковски


Кривичниот суд во Скопје денеска го осуди на три години затвор поранешниот директор на Агенцијата за обнова и развој Васил Тупурковски по обвинението за злоупотреба на тајванската кредитна линија, јавува МИА. За истото дело Судот пресудил две години затворска казна и за тогашниот заменик на Тупурковски, Јован Андонов. На објавувањето на пресудата не присуствуваа обвинетите. Овој судски процес траеше скоро една година.
XS
SM
MD
LG