Достапни линкови

Оли Рен ги поздрави изборите, бара натамошни реформи


Еврокомесарот Оли Рен ги поздрави мирните избори во Македонија оценувајќи дека исполнувањето на повеќето меѓународни стандарди на значи важен чекор напред за демократијата во земјата. Им честитам на граѓаните за таквото демократско постигнување. Властите треба да ги следат препораките на ОДИХР за натамошно подобрување на изборниот процес во иднина, се наведува во неговата изјава. Тој додава дека сега по завршувањето на изборите треба да се забрзаат реформите со цел да бидат исполнети одредниците што беа поставени. Препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ ќе зависи од резултатите што ќе бидат постигнати. Добрососедските односи вклучувајќи и решение за прашањето за името остануваат клучни. Затоа верувам дека раководството на земјата ќе ги обнови напорите за да се направи прогрес на тоа поле, нагласува еврокомесарот Оли Рен.
XS
SM
MD
LG