Достапни линкови

Рикер – Добри избори, но остануваат одредени предизвици


Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер денеска му ја честиташе победата на Ѓорге Иванов, кандидатот за претседател на Македонија на ВМРО-ДПМНЕ кој вчера победи на вториот круг од изборите за шеф на државата. Тој, исто така, им честиташе на граѓаните на Македонија за, како што рече, генерално добрите избори. Од прелиминарниот извештај на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР, очигледно се гледа дека се надминати проблемите што беа забележани за време на минатогодишните парламентарни избори. Како што беше соопштено Македонија ги исполни меѓународните стандардни, но сепак остануваат одредени предизвици, рече Рикер. Според него, најнапред треба да се прочисти избирачкиот список и да се изнајдат начини за деполитизирање на јавната администрација. Можеби треба да се изработи независен извештај за тоа какви притисоци луѓето почуствувале, смета американскиот амбасадор.
XS
SM
MD
LG