Достапни линкови

Неисчистените канали ги „поплавија“ посевите


Прилеп

Прилеп

Речиси сите 500 жители на долненското село Пешталево останаа без есенскиот род, а целосно им се уништени пролетните посеви. Дворовите, амбарите се во вода. Поплавени им се и дел од куќите особено при излезот од селото. Водата од ридовите се слева во селото. Стихијата го поплавува патот движејќи се кон другиот дел од селото, а таму запира кај училишната зграда и прави вистинско мочуриште, каде пливаат пајки и се собираат секакви инсекти. Оваа е сликата на Пешталево при секој пороен дожд, зашто одводните канали за атмосферска канализација одамна не се исчистени. Месната заедница доставила барање и до Владата, но без ефект-се жали Видое Грујоски, претседателот на Месната заедница.

-2006 година побарав да се направат испусти каде што постоеле досега, а сега се од времето и некои запуштени. Меѓутоа од Владата ми рекоа дека се немало средства.

Последните поројни дождови уништија околу 50 хектари со житни култури и расади, а водената стихија ги раскопа патиштата. Жителите вознемирени со часови со лопати и казми во рацете се бореа со стихијата.

Земјоделие поплавено е сето.Плус тоа од првите куќи, последните куќи на пример таму, канал нема нагоре. Педесет хектари е поплавено, житото, ливади, леи, расади што има се. И реката што е излезена е од речното корито, пукнат е каналот. Мораме да бараме помош. Јас имам овде негде 5 хектари земја.

Се жалат жителите кои својата егзистенција ја обезбедуваат исклучиво од земјоделство. Слична е состојбата и во соседните села:Костинци, Секирци, Црнилиште и Ропотово. Со доаѓањето на високите температури и топењето на снеговите од планините се заканува опасноста од нови поплави, зашто каналите за атмосферска канализација не се исчистени според жителите повеќе од 3 децении. Од Локалната самоуправа велат дека Владата минатата година одобрила средства за 18, но биле исчистени одводни канали во должина од само 2 километра.
Локалната самоуправа до Министерството за земјоделство и Дирекцијата за заштита и спасување веќе доставила проект за чистење на каналите. Жителите на Долненска општина очекуваат Владата да одобри средства и да им ги санира штетите, но и дополнителни комунални активности да се финансираат, за да се превенираат дополнителни штети и да се избегне заканата од нова водна стихија.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG