Достапни линкови

logo-print

ДИК – Гласале 42, 6% од граѓаните, победа на Иванов


Државна Изборна Комисија

Државна Изборна Комисија

Државната изборна комисија од обработените 99, 93 проценти од гласовите за претседателсите изботи, соопшти дека кандидатот на владеачката партија Ѓорѓе Иванов, освоил повеќе од 60 проценти од гласовите. Според податоците на комисијата, на изборите излегле повеќе од 763 илјади избирачи или 42,61 процент. Што се однесува до претседателските избори, до Државната изборна комисија не пристигнале податоците од две избирачки месата едното во Арачиново, а другото од Струга. Додека податоците за локалните избори целосно се одработени.

„Број на избирачи што гласале 763 637 илјади, број на неважечки ливчиња 435 513 илјади.“

Вели претседателот на ДИК, Александар Новаковски.
Тој за вчерашниот втор круг од изборите, рече дека поминал во најдобар ред.

„Според мое мислење вчерашниот изборен ден помина во мирна, демократска атмосфера, сите избирачки места беа отворени, гласањето се одвиваше без поголеми нерегуларности.“

И новиот претседател оцени дека фер и демократска атмосфера го пратела изборниот процес:

„Мирни, демократски без било какви насилства. Покажавме дека знаеме дека со тој чин да ги отвориме европските перспективи за Македонија. Над 400 илјади граѓани ја дадоа довербата за да ја преземам одговорноста, за европска Македонија, без шенген визи, Македонија членка во НАТО.“

Соопшти Ѓорге Иванов. Но за В.Д. лидерот на опозиционата СДСМ, Зоран Заев, сепак имало одредени нерегуларности кои фрлиле сенка врз изборите.

„Многубројните неправилности, злоупотребата на државната администрација и полицијата, како и насилството присутно во предизборието, ова не треба да биде слика за една држава која што со „едната нога“ треба да е во ЕУ и НАТО.“

Забелешките во писмена форма, за сите нерегуларности и кршење на изборните правила, можат да се достават до ДИК во предвидениот рок од 48 часа, по завршувањето на гласањето.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG