Достапни линкови

ОДИХР – Изборите ги исполнија повеќето меѓународни стандарди


Питер Ајкер, шеф на мисијата на ОДИХР

Питер Ајкер, шеф на мисијата на ОДИХР

Вториот круг на претседателските и локалните избори во Македонија ги исполни повеќето заложби и стандарди на ОБСЕ и на Советот на Европа за демократски избори, се вели во прелиминарниот извештај на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР. Сепак некои прашања се идентификувани како проблем кој што останува уште од привиот круг, како што се заплашувања на граѓаните, кои пред се доаѓале од припадници на државната администрација како и од партиски активисти:

„Изборниот ден беше мирен, забележан е напредок во спорведувањето на гласањето и во пресметувањето на гласовите. Беше почитувана слободата на изразување и собирање. Кандидати главно користеа умерен јазик што соодветствуваше на мирниот изборен процес.“

рече Питер Ајкер, шеф на ОБСЕ/ОДИХР мисијата за набљудување на изборите. Заплашувањата и притисоците се регистирани како нешто што ја засенува генерално добрата оценка на мисијата за набљудување на изборите. Забележани се одредени тензии во трката за градоначалник кои не го нарушиле мирниот изборен ден, а исто така во извештајот се наведени некои процедурални недостатоци како што е семејното гласање. Исто така, нискиот процент на излезеност на претседателските избори според претставниците на ОБСЕ/ОДИХР претставува опасност во иднина да не се исполни цензусот од 40 отсто и да доведе до неуспешни избори, особено во комбинација со проблемите со избирачкиот список. Генерално, одговарајќи на новинарско пршање, Ајкер најави позитивен извештај за изборите во Македонија, кој сепак нема да биде ,,сосмеа чист“со оглед на забелешките.
И невладината МОСТ излезе со генерална изјава за вториот круг од гласањето. Генерално гласањето беше спроведено во мирна атмосфера и во најголем дел во согласност со меѓународните стандарди, се вели во изјавата. Сепак како проблем што продолжил и во овој круг се наведени, семејното и групно гласање, како и неправилности во процедурата на гласање, заплашување и притисоци:

„Забележлива карактеристика на овие избори и на овој втор круг, во споредба со поранешните изборни циклуси, е тенденцијата во урбани средини да се јават голем број на лица кои се изјаснуваат како неписмени, па за да го остварат своето право на глас мораат да побараат помош од друг.“

изјави Дарко Алексов од МОСТ. Вториот круг од изборите го следеа 170 меѓународни набљудувачи и 3 750 набљудувачи на МОСТ.
XS
SM
MD
LG