Достапни линкови

logo-print

Расмусен повика на баланс меѓу слободата на говорот и религијата


Новоизбраниот генерален секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен повика на баланс меѓу слободата на говорот и почитувањето на религиозните чувства. Расмусен учествува на средбата ,,Алијанса на цивилизациите“ што денеска се оддржува во Истанбул, форум кој има за цел зајакнување на дијалогот меѓу Западот и исламските земји. Расмусен на чиј избор за шеф на НАТО се противеше Турција поради неговите ставови околу објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед во дански весник, како што јавуваат агенциите, не се извинил директно, туку се повикал на слободата на говорот.
XS
SM
MD
LG