Достапни линкови

Повеќе од 90 загинати во земјотресот во Италија


Според последните податоците повеќе од 90 лица загинале, а неколку десетици се повредени во денешниот земјотрес во централна Италија. Македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека меѓу загинатите се и четворица македонци кои живееле во околината на Л`Аквила, околу 100 километри северно од Рим, каде што бил епицентарот на земјотресот. Земојтресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала предизвика големи материјални штети. Неколку објекти се урнале, а илјадници луѓе останале без своите домови. Италијанскиот премиер Силвио Берлускони ја откажа планираната посета на Москва.
XS
SM
MD
LG