Достапни линкови

logo-print

Светските агенции за изборите во Македонија


Мирен ден со мали неправилности и со одѕив нешто над потребниот цензус. Новиот шеф на државата ветува подобри врски со Грција, се дел од оценките на светските новински ангенции

Убедлива победа на кандидатот кој ветува дека ќе ги поправи врските со соседна Грција која ги попречува напорите на Македонија да им се приклучи на НАТО и на Европската унија, пишува агенцијата Ројтерс, наведувајќи ја изјавата на Ѓорѓе Иванов, дадена по изборите, дека прва задача ќе му биде решавање на прашањето за името. Агенцијата додава дека вчерашниот ден посматарачите го оценија како мирен со помали неправилности во текот на гласањето кое, како што се наведува, биле будно следени за да се види дали балканската држава е подготвена за НАТО и Европската унија. Ројтерс потсетува и на големата апатија на гласачите со оглед на фактот што потребниот цензус бил на самата граница на валидноста на изборот за претседател.

И агенцијата Асошиетед прес посочува дека одѕивот бил нешто над законскиот минимум, но додава дека победата на Иванов била убедлива. Наведувајќи дека на вчерашното гласање се гледало како на референдум за спорот со името, агенцијата пишува: За време на кампањата, Иванов силно се противеше на компромис во спорот со Грција околу името. Но, во изјавите рано во понеделник, Иванов вели дека сака да работи со Атина,, наведува Асошитед прес, додавајќи: ,,Победата на Иванов е огромна поддршка за конзервативниот премиер Никола Груевски чија тврда линија во спорот со Грција доведе до извесни критики од меѓународната заедница. Фајненшал тајмс и со оценка дека победата на Иванов ја цементира моќта на Груевски со што станува се понеизвесен и компромисот во осумнаесет годишниот спор со името. Весникот со забелешка дека ентузијазмот за вториот круг бил помал кај албанците, како и тоа дека гласањето било генерално мирно, но со, како што се додава, повеќе проблеми од пред две недели.
Победата на Иванов ја цементира моќта на Груевски со што станува се понеизвесен и компромисот во осумнаесет годишниот спор со името.

Германската агенција Де Пе А, посочувајќи ја слабата излезност, особено кај албанците оценува: ,,Неделното гласање уште еднаш покажа дека Македонија беше поделена земја,,. Оваа агенција смета дека и со позитивен извештај за изборите, сепак останува проблемот со нерешениот спорот со името. ,,Повеќето македонци страхуваат дека без брз влез во НАТО и Европската унија, нивната земја би можело да се дезинтегрира под притисок на етнички тензии, како што тоа и се случи на Југославија пред две децении,, пишува агенцијата Де Пе А. Агенцијата Франс прес пак, се осврнува врз победата на Ѓорѓе Иванов при што ја нагласува неговата изјава дека приоритет ќе му биде решавањето на спорот со Грција околу името. Со победата на Иванов, владејачката партија ја комплетира политичката моќ во земјата, објавува Њујорк тајмс, дел од веста на агенцијата Ројтрес.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG