Достапни линкови

Незадоволството и слабите кандидати причина за низок одзив


Премиерот Груевски на владина прес конференција
Премиерот Груевски на владина прес конференција

Според експертите доминацијата на една партија на сите нивоа може да биде опасна, но не е недемократска се до моментот кога партијата има поддршка од граѓаните

Во незадоволството на граѓаните од политичките случувања и слабата понуда на кандидати за претседателски и локални избори, политичките аналитичари ја гледаат главната причина за слабиот одзив на гласачите. Аналитичарот Хисен Рамадани вели дека слабата излезност е знак кој треба да ја загрижи власта. Победничката партија вели Рамадани треба да размисли за постапките и политиките кои ќе ги применув натаму.

„Интересот за изборите опаѓа, затоа што граѓаните не гледаат дека ќе се роди нешто што на некој начин ќе биде креативен за да поголем дел од граѓаните да учествуваат во надгледувањето на политиката.“

Слабата излезност ја одрази самата политичка борба во кампањата, анализира Марија Ристеска од Центарот за истражување и
Најлошото ќе биде тоа што кај нас тоа ќе се персонализира, затоа што ги има сите услови во една личност да се концентрира сета власт, а тоа ги сведува работите на еден начин на размислување или на една оценка за состојбите и внатре и во светот
креирање политики. Според неа ниту еден од кандидатите не бил доволно добар за да ги натера гласачите да се мобилизираат и да покажат поголема заинтересираност за овие избори:

„Демократијата, особено во поделени општества како македонското, би требало да цели кон репрезентативност, односно претставување на интересите на сите. За жал, ниту едниот, ниту другиот кандидат не понудија програми што ги таргетираат сите гласачки тела,“

вели Ристеска според која за разлика од претседателските избори, излезноста на локалните била на задоволителна ниво.

Но дел од експертите стравуваат дека победата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на претседателско и на локално ниво може да биде опасна за развојот на една демократија.
Еднопартиското владеење, без сериозна конкуренција води кон создавање на монопол на власта, вели Рамадани

„Најлошото ќе биде тоа што кај нас тоа ќе се персонализира, затоа што ги има сите услови во една личност да се концентрира сета власт, а тоа ги сведува работите на еден начин на размислување или на една оценка за состојбите и внатре и во светот.“

За Ристеска пак, доминацијата на една партија на сите нивоа не е недемократска. Иако таа е нетипична, во светот функционира вели таа.

„Не е недемократска, се до моментот до кога тие ќе имаат доминација, а ќе немаат поддршка од граѓаните.“

Откако помина и вториот круг, аналитичарите се задоволни од мирното спроведување на изборниот процес. Велат дека тоа се должи на политичката отрезнетост за важноста на изборите ни кај македонската јавност, како и кај сите политички фактори кои учествуваат во тој процес.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG