Достапни линкови

Барак Обама на разговори со турските лидери во Анкара


Американскиот претседател Барак Обама ја почна посетата на Турција со оддавање почит на Мустафа Кемал Ататурк во мавзолејот во Анкара. Предвидено е денеска Обама да разговара со турскиот претседател Абдула Ѓул, со премиерот Реџеп Таип Ердоган, а ќе има и обраќање во Парламентот. Потоа, Обама ќе отпатува за Истанбул каде што ќе се одржи форумот на Обединетите Нации за промоција на разбирање меѓу Западот и Исламскиот свет. Најавено е учество на над илјада и 500 преставници од 50-тина држави.
XS
SM
MD
LG