Достапни линкови

Цензусот исполнет, Ѓорѓе Иванов нов претседател на Македонија


Претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов
Претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов

ДИК официјално објави дека цензусот на претседателските избори е исполнет. Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов е нов претседател на Македонија. Владеачката коалиција оствари убедлива победа и на локалните избори

Ѓорѓе Иванов од ВМРО ДПМНЕ е новиот претседател на Република Македонија. Кандидатот на позицијата освои вкупно 437.455 гласови во вториот круг. кандидатот на опозициската СДСМ освои 252.195 гласови
По официјализирањето на победата Иванов рано утрово изјави дека ќе обезеди напредок на Македонија.

,,Оваа енергија и сето она што ни се случува во овој период мора да го искористиме за да овозможиме Македонија да стане европска
Процентот во овој момент е 40,79 посто, пресметан на вкупниот број запишни избирачи со тоа во моментов е исполнет цензусот
земја, членка на НАТО, но и земја во која ќе живеат среќни луѓе"

За лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер на Македонија Никола Груевски, победата на претседателските избори претставува отворање на вратите кон евроатланските интеграции

,,Најголема заслуга за ова имаат граѓаните на Република Македонија."

Инаку владеачката партија издвои победа и на локалните избори. Нов градоначалник на главниот град на земјава е Коце Трајановски од ВМРО ДПМНЕ кој на локалните избори освои 103.071 гласови, за разлика од неговиот противник од опозицијата, Тито Пековски, кој на локалните избори освои 61.164 гласови на Скопјани.

Додека од ВМРО ДПМНЕ ја прославуваа победата на кандидатот за претседател и кандидатите за градоначалник, од Социјал Демократскиот Сојуз обвинуваат за злоупотреба на државната администрација и други притисоци врз гласачите. ВД Претседателот на СДСМ Зоран Заев констатираше дека вториот круг избори биле мирни.

,,Сепак, со жалење констатирам дека изборите не беа фер и демократски."

Претседателскиот кандидат на СДСМ Љубомир Фрчковски, им се заблагодари на сите граѓани кои гласале за него, и му честиташе на својот противник од ВМРО ДПМНЕ.

,,Користам да му честитам на победата на владиниот кандидат Ѓорѓе Иванов и господ нека и е напомош на Македонија, благодарам."

До последната прес конференција на Државната изборна комисија се проблематизираше цензусот. На последната прес конференција претседателот на комисијата Александар Новаковски констатираше дека гласањето нема да се повтори.

,,Процентот во овој момент е 40,79 посто, пресметан на вкупниот број запишни избирачи со тоа во моментов е исполнет цензусот."
XS
SM
MD
LG