Достапни линкови

Службена влада во Чешка до вонредните избори


Чешките парламентарни партии се договорија земјата до изборите да ја води службена влада, а за премиер го предлагаат шефот на националниот завод за статистика Јан Фишер, јавуваат чешките медиуми. Премиерот во оставка Мирек Тополанек ваквиот предлог уште денеска ќе му го достави на чешкиот претседател Вацлав Клаус. Вонредните парламентарни избори, согласно со договорот, треба да се одржат на 9-ти и на 10-ти октомври.
XS
SM
MD
LG