Достапни линкови

ДИК - одзив 42,53% од 90% гласачки места, Иванов води


Претседателскиот кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов со освоени 403.108 гласови на денешниот втор круг од изборите за шеф на државата, води пред противкандидатот од СДСМ Љубомир Фрчковски кој има 226.636 гласови. Ова се податоци од 2.691 од вкупно 2.976 избирачки места што пристигнуваат по електронски пат до ДИК. На гласање на овие избирачки места излегле 666.197 избирачи, а одѕивот е 42,53 отсто.

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски исто така води со 88.143 гласови пред Тито Петковски кандидат на СДСМ и НСДП кој има 50.697 гласа. Податоците се за 436 избирачки места од вкупно 536, каде што гласале 148.716 лица, а одѕивот е 41,19 отсто.
XS
SM
MD
LG