Достапни линкови

Фрчкоски: Господ нека и е на помош на Македонија!


Претседтелскиот кандидат на СДСМ Љубомир Фрчкоски

Претседтелскиот кандидат на СДСМ Љубомир Фрчкоски


В.Д. Претседателот на СДСМ Зоран Заев во првично ги оцени изборите како мирни, без насилство и потешки инциденти. Сепак, рече тој, со жалење констатирам дека изборите не беа фер и демократски. Тој им честиташе на ВМРО ДПМНЕ за победата и рече дека како и секогаш СДСМ ја прифаќа волјата на мнозинството граѓани. ,,На моите колеги, новоизбрани градоначалници им посакувам успешна работа. Посебно им честитам на новоизбраните градоначалници Карпош, Охрид, Ново Село, Македонски Брод и Чучер Сандево кои и покрај силните притисоци и закани од власта успеаја да се изборат за победа. Истовремено, и покрај тоа што се наоѓаме во нејасна ситуација со цензусот, би сакал да кажам неколку збора за претседателските избори – неспорно е дека граѓаните му дадоа доверба на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов.”

Сепак, Заев истакна дека СДСМ на овие избори освоил над 260 илјади гласови, особено во крупните урбани центри во Македонија што е повеќе од минатите неколку изборни циклуси. На крајот тој рече: ,,Апсолутно целата власт е во рацете на ВМРО ДПМНЕ па оттаму и одговорноста лежи кај нив, СДСМ оди понатаму!”

Претседателскиот кандидат на СДСМ Љубомир Фрчкоски во кусото обраќање рече:

,,Имавме мирни и слободни избори. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за начинот и достоинството на кој го искажаа својот демократски избор. Користам прилика да му честитам на владиниот кандидат Ѓорѓе Иванов и господ нека и е на помош на Македонија!”
XS
SM
MD
LG