Достапни линкови

Штабот на Фрчкоски нема релевантни податоци за цензусот


Ѓунер Исмаил, шефот на изборниот штаб на претседателскиот кандидат Љубомир Фрчковски на прес конференција изјави дека немаат официјален податок за цензусот од ниту една релевантна институција како ДИК и МОСТ. Тој рече: ,,македонската јавност е должна да знае дека ние таков податок немаме и за тој податок допрва ќе се расправа. Според тоа, прерано е славењето. Ние нагласивме во предизборието дека во Македонија фер и демократски избори се невозможни, тоа се докажува и денеска и според она што се случуваше во претходните денови. Според тоа, секое славење и прејудицирање на резултатите за избор на претседател мислам дека е избрзано,” рече Исмаил.

Според него, ,,во нефер услови, кога се устоличи говорот на омраза, насилството и целиот државен апарат со буџет од многу милиони евра се устоличи како да е наследство од дедо им, не може да стане збор за фер избори.”

На новинарското прашање како го коментира бојкотот на Албанците на претседателските избори, Исмаил рече: ,,Не би рекол дека станува збор за бојкот на Албанците, туку конфузија поради конфузните договори на владеачката коалиција.”
XS
SM
MD
LG