Достапни линкови

Според ВМРО ДПМНЕ постигнат цензусот на претседателските избори


Според податоците со коишто располага изборниот штаб на ВМРО ДПМНЕ е постигнат цензусот од 40, изјави шефот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски на првата прес конференција одржана вечерва. Тој додаде дека според првичните податоци за локалните избори во најголем дел од општините податоците се позитивни за кандидатите на ВМРО ДПМНЕ и во општините каде што воделе во првиот круг и во општините каде што биле на втората позиција. Димовски им честиташе на граѓаните на Македонија истакнувајќи: ,,Република Македонија пролетва организираше фер, демократски и мирни избори и покажа дека останува на патот за брзи европски и евро атлантски интеграции,”
XS
SM
MD
LG