Достапни линкови

Рикер - Изборниот процес засега се одвива добро


Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер кој денеска посети неколку избирачки места оцени дека до попладневните часови гласањето во рамки на вториот изборен круг се одвива добро. Јас не забележав некои поголеми проблеми. Луѓето коишто досега гласаа се однесуваа мирно, што е многу важно, а ние ќе продолжиме да ги следиме изборите, изјави амбасадорот Филип Рикер. Тој додаде дека од амбасадата на Соединетите Држави се ангажирани 24 тимови коишто ги следат изборите. Се надеваме дека ќе имаме свој удел во извештајот на ОДИХР и ОБСЕ за овие избори коишто се многу важни за Македонија и за нејзината иднина, рече Рикер.
XS
SM
MD
LG