Достапни линкови

Седница на ОН за Севернокорејското лансирање ракета


Обединетите Нации вечерва ќе оддржат итна седница на која ќе се разгледува одговорот кон Северна Кореја откако денеска оваа земја лансираше ракета со долг дострел. Состанокот е на барање на Јапонија и Соединетите Држави, кои заедно со ОН, Европската Унија, како и Јужна Кореја силно го осудија овој чекор на Пјонгјанг, додека Кина и Русија повикаа на воздржаност. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека станува збор за ,,провокативен чин“ во спротивност со резолуцијата на ОН. Ли Донг Кван портпарол на јужнокорејскиот претседател оцени дека лансирањето на ракетата претставува закана за светската безбедност. „Ние не можеме да помогнеме, но чувствуваме разочараност поради оваа акција на Северна Кореја, која претставува сериозна закана за безбедноста на корејскиот полуостров, како и за светот, поради лансирањето на ракета со долг дострел“ рече Ли Донг Кван. Јапонија соопшти дека не се обидела да ја пресретне ракетата. Утринава Северна Кореја јави дека успешно ја завршила мисијата за лансирање на комуникациски сателит во орбитата, но Соединетите Држави и Јужна Кореја соопштија дека никаков сателит не е во орбитата. Според јужнокорејски власти еден дел од ракетата паднал во Јапонското море, а остатокот во Тихиот Океан.
XS
SM
MD
LG