Достапни линкови

Излезноста до 17 часот 33,6 отсто


Гласачко место

Гласачко место

Излезноста на гласачите до 17 часот е 33,6 проценти, информираат од државната изборна комисија. Поголеми инциденти нема, но организациите и странските претставници регистрирале случаи на семејно гласање, заплашување и некористење на ултравиолетови ламби.

Претседателот на ДИК Александар Новаковски вели дека до 17 часот на претседателските избори гласале 33,65 отсто од граѓаните со право на глас.

,,Број на избирачи што гласале до 17 часот e 33,65 посто. Во споредба со првиот круг на гласање за претседателските избори 2009 од 22 март, процентот до 17 часот беше 41,69 посто."

Излезноста на локалните избори е повисока и како што информираа од ДИК до 17 часот изнесува 48,73 отсто.

Евроамбасадорот Ерван Фуере претпладнево беше во Охрид и Струга. Вели дека е информиран за неколку нерегуларности.
Број на избирачи што гласале до 17 часот e 33,65 посто. Во споредба со првиот круг на гласање за претседателските избори 2009 од 22 март, процентот до 17 часот беше 41,69 посто


,,Се на се можам да кажам дека процесот се одвива нормално, но бевме сведоци на заплашување на гласачите и добивме бројни извештаи за голем број на нерегуларности во околината на Струга. Ќе се вратиме таму за да видиме што се случува. Од суштинакса важност е политичките партии да превземат активности за да ги спречат нивните активисти од заплашување, за граѓаните да можат да излезат и слободно да гласаат."

Фуере повторно посочи дека одржувањето на мирни фер и демократски избори е клучно за иднината на Македонија.
Шефот на мисијата на ОДИХР Питер Ајкер вели дека до сега нема регистрирано посериозни инциденти

,,Работите се мирни на повеќето гласачки места. Имаме информации дека неколку избирачки места не се отвориле поради поплави, и добивавме телефонски повици за проблеми, но се обидуваме да организираме проверки и немаме конечни заклучоци."

Од граѓанската асоцијација МОСТ забележуваат на неколку неправилности во претпладневните часови. Регистрирани се случаи на семејно гласање во Мала Речица Тетово, а во Џепиште, Охрид, Боговиње, Велес и Чашка забележано е некористење на ултравиолетовите ламби на шест гласачки места.
XS
SM
MD
LG