Достапни линкови

Обама: Свет без нуклеарно оружје


Американскиот претседател Барак Обама ги поздравува илјадниците присутни на Храдчанскиот плоштад

Американскиот претседател Барак Обама ги поздравува илјадниците присутни на Храдчанскиот плоштад

Во денешниот говор во Прага американскиот претседател Барак Обама повика на создавање свет без нуклеарно оружје. Во чешкиот главен град се одржува неформален самит ЕУ – САД

President Obama Prague Speech
Во Прага денеска се оддржува неформален самит меѓу Европската Унија и Соединетите Држави на кој домаќин е Чешка како актуелен претседавач со ЕУ. Обама во воведниот говор ја оцени ЕУ како силен сојузник на Соединетите Држави. Тој вети дека Америка ќе се вклучи во борбата против климатските промени и исто така го поддржа влезот на Турција во Унијата. Обама меѓу другото ја повика
Опасноста од глобалната нуклеарна војна е намалена, но опасноста од нуклеарен напад е зголемена. Како единствена нуклеарна сила што има употребено оружје, Соединетите Држави имаат морална обврска да делуваат. Не можеме да успееме сами, но можеме да предводиме, можеме да започнеме
Европската Унија да прифати затвореници од американската база Гвантанамо. Пред самитот американскиот претседател Барак Обама оддржа говор на отворено кој го следеа околу 30 илјади луѓе пред прашкиот замок Храдчани, повикувајќи на свет без нуклеарно оружје кое како што рече ,,е најтемно наследство од времето на Студената Војна“:

Американскиот претседател Барак Обама за време на говорот на Храдчани
„Опасноста од глобалната нуклеарна војна е намалена, но опасноста од нуклеарен напад е зголемена. Како единствена нуклеарна сила што има употребено оружје, Соединетите Држави имаат морална обврска да делуваат. Не можеме да успееме сами, но можеме да предводиме, можеме да започнеме.„

изјави Обама додавајќи дека Америка е посветена да бара мир и безбедност во светот без нуклеарно оружје.

„Ќе започнаме да работиме на намалување на нашиот арсенал. На намалување на нашите нуклеарни боеви глави и резерви, ќе започнеме преговори за нов договор за намалување на стратешкото вооружување со Русија, годинава. Претседателот Медведев и јас веќе го започнаме тој процес во Лондон.

Во говорот Обама исто така понуди дијалог со Иран:

Брачниот пар Обама ја поздравува публиката по говорот во Прага
,,Чешка и Полска се согласија да бидат домаќини на антиракетниот систем. Доколу заканите од Иран продолжат, и ние ќе продолжиме со планот околу анти-ракетниот систем. Но, доколку Иран се откаже од заканите, ќе имаме силна база за безбедност и мотивот за изградба на ракетен штит во Европа ќе биде отстранет"

Мерките на безбедност во Прага, поради посетата на Обама се засилени. Во градот се распоредени неколку илјади полицајци. Уште во раните утрински часови луѓето пристигнуваа пред замокот Храдчани за да обезбедат место за следење на говорот на американскиот претседател, што започна во десет часот. Обама во Прага пристигна вчера попладне по самитот на НАТО во Стразбур. Негова следна станица е Турција.
XS
SM
MD
LG