Достапни линкови

Македонија гласа


Избирачко место

Избирачко место

Граѓаните на Република Македонија денеска по четврти пат на непосредни избори ќе избираат шеф на државата, а по петти пат градоначалници во општините.

Вториот круг избори за сега се одвива без инциденти, во мирна атмосфера.
Од граѓанската асоцијација МОСТ информираат дека отворени се сите гласачки места на кои организацијата има набљудувачи.
Портпаролот на МОСТ Славица Биљарска вели дека набљудувачите за сега не се соочуваат со проблеми.

Прес конференција на МОСТ
,,Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори сите набљудувачи на МОСТ се примени на гласачките места."

Гласачкото место во Студеничани, кое до сега се наоѓаше во Пагаруша е префрлено во Долно Колничани гласачкото место во Сливник, општина Велес е отворено со задоцнување од 20 минути поради непристапност на патот, а гласачкото место во Подгорци, општина Струга не е отворено поради тпа што недостасувал печатот, информираат од МОСТ.

Граѓанската асоцијација го следи гласањето на 65 отсто од отворените гласачки места со вкупно 3.750 набљудувачи.
Број на избирачки што гласале до 10 часот е 111 илјади и 3 гласачи, во проценти 7,27 посто. Во споредба со првиот круг гласање на претседателските избори процентот на гласачи беше 7,97 посто

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Новаковски информира дека одзивот на гласачите до 10 часот утрово е нешто повеќе од 7 отсто.

,,Број на избирачки што гласале до 10 часот е 111 илјади и 3 гласачи, во проценти 7,27 посто. Во споредба со првиот круг гласање на претседателските избори процентот на гласачи беше 7,97 посто."

Инаку, од утрово се отворени 2.976 гласачки места низ земјава. Изборите ги следат 7.038 домашни и 544 странски набљудувачи.
Вториот круг од четвртите претседателски и петите локални избори во Република Македонија го следат досега најголем број домашни и странски набљудувачи.
XS
SM
MD
LG