Достапни линкови

logo-print

Граѓаните избираат претседател и градоначалници во 43 општини


Граѓаните на Република Македонија денеска по четврти пат на непосредни избори ќе избираат шеф на државата, а по петти пат градоначалници во општините во кои по првиот круг на гласање никој од кандидатите не го освои пoтребното мнозинство. За да биде избран претседател на државата во вториот изборен круг на гласање треба да излезе најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело кое брои 1.792.082 граѓани со право на глас. Во вториот круг се гласа само за двајца кандидати, кои во првиот круг добиле најмногу гласови, а ќе биде избран оној кој ќе добие поголем број гласови.Покрај нов шеф на државата, македонските граѓани денеска избираат и градоначалници во општините во кои во првиот круг никој од кандидатите не го доби потребното мнозинство за избор.
XS
SM
MD
LG