Достапни линкови

logo-print

ФБИ – Нападот во Бингамтон не е дело на пакистанските талибанци


Американското Федерално Биро за истрага (ФБИ) ја отфрли можноста дека пакистанските талибанци стојат зад вчерашниот напад во Бингамтон, во државата Њујорк, кога вооружен напаѓач уби 13 лица во американски центар за имигранти. Претходно денеска лидерот на талибанците во Пакистан Беитулах Месуд, ја презеде одговорноста за нападот, соопштувајќи дека станува збор за одмазда поради честите американски напади врз пакистанските региони во близина на границата со Авганистан.
XS
SM
MD
LG