Достапни линкови

Северна Кореја ,,набрзо“ ќе изврши лансирање на ракета


Пјонгјанг ,,набрзо“ ќе изврши лансирање на ракета од долг дострел, јавуваат севернокорејските новински агенции. Јапонскиот министер за надворешни работи Хирофуми Накасоне денеска изјави дека се надева оти Северна Кореја ќе се откаже од планираното лансирање на ракета, но како што додаде за Јапонија е битно да биде подготвена во случај тоа да биде сторено. Соединетите Држави, Јапонија и Јужна Кореја се спротивставуваат на намерата на Северна Кореја и сметаат дека лансирањето на ракета со долг дострел би можело да ја погоди Аљаска.
XS
SM
MD
LG