Достапни линкови

Прага подготвена за посетата на Обама


Безбедносните мерки во Прага се зголемени во очекување на посетата на американскиот претседател Барак Обама, кој ќе допатува во главниот град на Чешка, денеска попладне по состанокот на НАТО. Обама утре ќе учествува на состанокот меѓу Соединетите Држави и Европската Унија, чиј домаќин е чешкиот премиер Мирек Тополанек чија земја е актуелен претседавач со Унијата. Американскиот претседател ќе оствари средби со чешките лидери, а ќе има и обраќање на отворено, пред познатиот прашки замок Храдчани, посветено на заканите од ширењето на нуклеарното оружје.
XS
SM
MD
LG