Достапни линкови

Во Македонија предизборен молк-гласаат затвореници и раселени лица


Во Република Македонија денеска е изборен молк пред утрешните претседателските и локалните избори. Правото да гласаат денеска можат да го остварат вкупно 2,500 раселени лица и затвореници, изјави портпаролот на Државната Изборна комисија Зоран Таневски. Денеска можат да гласаат и болните и онемоштените лица, доколку навреме се пријавиле во општинските изборни комисии. Избирачките места ќе бидат отворени од 07,00 до 19,00 часот. Нивните гласови ќе се бројат на 22 март, во општините од каде што потекнуваат
XS
SM
MD
LG