Достапни линкови

Почна самитот на НАТО


Самитот на НАТО почна со вечера на лидерите на земјите членки во Баден Баден, Германија а потоа в сабота продолжува од другата страна на реката Рајна, во Стразбур, Франција. Покрај прославата на 60-годишнината од основањето, приемот на двете нови членки, Хрватска и Албанија, главниот фокус на лидерите е ставен врз иднината на Алијансата, новата стратегија за Авганистан како и односите со Русија. Пред почетокот на самитот, американскиот претседател Барак Обама имаше одвоени средби со францускиот претседател Никола Саркози и со германскиот канцелар Ангела Меркел. Обама ја нагласи важноста на транс-атланските релации.


“Дојдов во Европа неделава за да го обновам нашето партнерство, она за кое Америка слушаше и учеше од нашите пријатели и партнери. Ние мораме заедно да наоѓаме решенија за нашите заеднички проблеми”.
Дојдов во Европа неделава за да го обновам нашето партнерство, она за кое Америка слушаше и учеше од нашите пријатели и партнери. Ние мораме заедно да наоѓаме решенија за нашите заеднички проблеми


Обама и оддаде признание на Франција за учеството во мисијата во Авганистан, а на самитот, како што е највено, Вашингтон ќе побара од НАТО сојузниците поголема помош во Авганистан. Саркози изјави дека Франција не планира испраќање дополнителни трупи, но додаде:

“Ние сме подготвени да направиме повеќе во делот на полицијата, воената полиција, економијата, во обуката на авганистанците. Ние ја помагаме обновата на Авганистан”.
На средбата Обама – Меркел исто така било разговарано за мисијата во Авганистан и за кризата со иранската нуклеарна програма, изјавија двајцата лидери. Меркел ја поздрави готовноста на Вашингтон за поголема соработка со европските сојузници.
Инаку тема на разговорите на вечерата се односите со Русија. Обама изјави дека e важна соработката со Русија, дека некои интереси се заеднички, а за некои постојат разлики, но оти треба да се соработува. Обама предупреди и дека Европа е во поголема опасност од терористички напади во однос на Америка и затоа е потребно заедничко дејствување. Самитот на НАТО во Баден Баден и во Стразбур е под големо полициско обезбедување и проследен со анти-НАТО демонстрации и од двете страни на реката Рајна. Инаку, Обама во сабота попладне ќе допатува во Прага од каде што ќе повика на нуклеарно разоружување во светот.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG