Достапни линкови

Обама бара од Северна Кореја да не тестира ракета


Американскиот претседател Барак Обама ја повика Северна Кореја да не го спроведе најавеното тестирање на проектил од долг дострел. Говорејќи во Стразбур каде што денеска пристигна на самитот на НАТО, Обама изјави дека станува збор за акт на провокација што би требало да биде запрен. Северна Кореја деновиве најави дека од утре до осми овој месец ќе лансира ракета со телекомуникациски сателит. Јужна Кореја се сомнева во тоа со оглед на досегашното искуство при вакви најави од северниот сосед.
XS
SM
MD
LG