Достапни линкови

Самит на НАТО, со нови членки и со нова стратегија


Претседателот Барак Обама со сопругата по пристигнувањето на аеродромот во Стразбур
Претседателот Барак Обама со сопругата по пристигнувањето на аеродромот во Стразбур

НАТО ја прославува шеесет годишнината од формирањеto. Со дводневен самит во Стразбур и во Кел, на француската и на германската страна од реката Рајна и со две нови членки Албанија и Хрватска.

Американскиот претседател Барак Обама за прв пат учествува на еден собир на Алијансата, па европските сојузници очекуваат од прва рака да бидат запознати со намерите и приоритетите на најголемата членка на НАТО. Самитот всушност би требало да го означи почетокот на дебатата за новата стратегија на Алијансата. Сегашниот концепт, усвоен пред десет години, со кој НАТО се дефинира како премногу евроцентристички, според аналитичарите, е застарен. Новиот концепт би требало да биде избалансиран меѓу оригиналната мисија за заедничка одбрана и растечкиот фокус врз превенцијата од терористички напади. Претседателот Обама пред извесно време стави до знаење дека врвен приоритет на неговата надворешна политика ќе биде стабилизирање на ситуацијата во
Значајно е и тоа што Франција по четириесет и три години повторно се враќа во командните структури на Алијансата. Лидерите на дваесет и осумте членки ќе разговараат за предизвиците што му претстојат на Сојузот,.
Авганистан и Пакистан. Второ важно прашање секако ќе биде обновувањето на односите со Русија, замрзнати по руската интервенција врз Грузија во август минатата година. Тоа особено, откако претседателите Обама и Медведев, по нивната средба деновиве во Лондон, изјавија дека сакаат да ги остават настрана менталитетите од Студената војна. Соработката со Русија може да биде од голема полза за НАТО во врска со убедувањето на Иран да се откаже амбициите за нуклеарно оружје, но и за воспоставување коридор преку руска територија за снабдување на сојузничките сили во Авганистан. Американската администрација веќе најави дека за постигнување на овие цели е подготвена да ја омекне Москва со тоа што ќе го закочи проектот за ракетна одбрана на Европа и ќе го одложи секое проширување на НАТО во близина на руските граници. Всушност, според некои аналитичари, поздравот за добредојде на самитот на Албанија и на Хрватска кои пред два дена станаа членки на НАТО, по се изгледа ќе означи крај на проширувањето на Алијансата во догледно време. Единствената земја во чекалницата, Македонија мора да го реши спорот со Грција околу името.

Мислам дека сакавме да ве запознаеме оти продолжува нашата поддршка за Македонија и за нејзината желба да стане членка на Алијансата веднаш откако ќе биде постигнато решение за прашањето на името.

Изјави заменик портпаролот на Стејт департментот Гордон Дагуид како објаснување на пораката на заменикот државниот секретар Џејмс Стајнберг кој на церемонија во Вашингтон по повод приемот на Албанија и Хрватска го нагласи американското очекување на Македонија при натамошното проширување на Алијансата, како и политиката на отворена врата за оние кои би сакале да станат нејзини членки.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG