Достапни линкови

Името основна пречка за НАТО


Конгресниот центар во Стразбур каде што ќе се одржува Самитот на НАТО
Конгресниот центар во Стразбур каде што ќе се одржува Самитот на НАТО
Основната пречка што ни стои на патот кон НАТО остaнува прашањаето за името. Во министерството за надворешни работи велат дека земјава останува посветено да продолжи да работат за влез во Алијансата како врз свој највисок национален приоритет. Блокадата од Грција поради која не добивме покана на самитот во Букурешт нема да делува демотивирачки повтори портпаролот Петар Чулев:

,,Македонија конструктивно и аргуентирано ќе продолжи под покровителство на ОН со единствена цел да се најде разумно и достоинствено прифатливо решение."

Македонија според официјалните оценки ги исполни условите за прием. Се чека на решавање на спорот со името. Но, тој услов во догледно време нема да може да да го исполниме, вели Професорот Денко Малевски од Првниот Факултет во Скопје.

,,Бидејќи внатрешната политичка ситуација е таква што не дозволува заеднички настап на македонската политика во решавање на ова чувствително прашање кое исто така е врзано со сериозно обраќање до народот и воопшто една клима на единство која во Македонија не постои."

Според професорот Димитар Мирчев пак државните институции комуницираат активно за постигнување како што вели чесен компромис
Логиката на меѓународната политика вели дека сојузите се формираат за да ги бранат интересите на своите членки и без огле што ќе ви кажат дипломатите вам тие никогаш нема да си ги расипат односите со Грција, затоа што тоа го диктираат нивните државни интереси
за името

,,МНР комуницира активно и се во непосредна врска со повеќе членки на НАТО и органите на НАТО за да се изврши соодветен притисок и на другата страна, односно на Грција за изнаоѓање фер компромис за името."

Мирчев наедно смета дека има можност да се најде решение дури и без конечено разрешувaње на спорот со името, наогајки поткрепа во таа смисла во изјавите на некои од министрите за надворешни работи дека принципот на одлучување во НАТО треба да се промени:

,,Да кажеме, консензус или консензус минус еден или два. Претпоставувам дека и во НАТО бараат такви решенија."

За Малевски важно е во Македниоја да се отвори расправа како натаму да се работи за наогање решение за името но не, како што нагласува со залажувања за променна во начинот на одлучување во НАТО што според него повторно оди во прилог на нершавање на проблемот

,,Логиката на меѓународната политика вели дека сојузите се формираат за да ги бранат интересите на своите членки и без огле што ќе ви кажат дипломатите вам тие никогаш нема да си ги расипат односите со Грција, затоа што тоа го диктираат нивните државни интереси.”

На самитот на НАТО кој денеска и утре се одржува во Фрнција и во Германија по повод 60- годишнината од основањето на организацијата, прв пат ќе учествуваат и двете нови членки, Хрватска и Албанија. Преседателот
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG