Достапни линкови

Расмунсен и официјално кандидат за генерален секретар на НАТО


Данскиот премиер Андерс Расмунсен денеска потврди дека е кандидат за нов генерален секретар на НАТО. Изборот се очекува да биде направен на самитот на НАТО, што почнува денеска. Единствена пречка за изборот на Расмунсен може да биде Турција поради објавувањето на карикатурите со пророкот Мухамед во дански весници и противењето на Данска за членството на Турција во Европската Унија.
XS
SM
MD
LG