Достапни линкови

logo-print

Анти - НАТО демонстрации во Стразбур


Француската полиција привела над 300 лица, по судирите со демонстрантите во Стразбур, пред самитот на НАТО. За време на вчерашните нереди била направена голема материјална штета,а полицијата употребила солзавец и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите. И за денеска се закажани анти-НАТО протести во Стразбур и во Кил, а според проценките на германската полиција, се очекуваат околу 25 илјади луѓе. Голем анти-НАТО протест е закажан и за утре во Стразбур.
XS
SM
MD
LG