Достапни линкови

Северна Кореја ќе тестира проектил во сабота



Американски и Јужно – Корејски официјални претставници изјавија дека Северна Кореја веројатно утре ќе тестира проектил од долг дострел. Пјонг Јанг тврди дека ќе лансира комуникациски сателит. Портпаролот на Белата Куќа, Роберт Џибс изјави денеска дека Соединетите Држави ова лансирање ќе го сметаат за акт на провокација. Јапонија најави дека ќе бара итна седница на Советот за безбедност, а Северна Кореја се закани дека доколку нејзиниот проектил биде соборен, тоа ќе го смета за објава на војна.
XS
SM
MD
LG