Достапни линкови

logo-print

Втор круг на изборите


Претседателски и локални избори

Претседателски и локални избори

Македонските граѓани избираат претседател и градоначалници во вториот круг. Меѓународниот фактор и набљудувачите препорачуваат да се отстранат неправилностите од првиот круг

Македонските граѓани утре избираат Претседател и градоначалници во преостанатата 51 општина и во градот Скопје. Граѓаните ќе го избираат претседателот меѓу двајцата кандидати што освоија најмногу гласови во првиот круг.

За разлика од првиот круг, пред две недели, утре ќе се гласа на помалку гласачки ливчиња. Затоа се очекува гласањето да оди побрзо од претходниот круг, кога на некои места се создадоа редици од луѓе што чекаат да го дадат својот глас.

Во првиот круг граѓаните на Македонија добиваа по 3 гласачки ливчиња, а во Скопје дури 5.
Во споредба со другите изборни циклуси, навистина сме повеќе од задоволни од минималниот број прекршувања кај медиумите, и особено ако се види дека воопшто немало намера, туку едноставно во самата монтажа, во самата техника, некому му промакнало на некој што го организирал сето тоа


Утре, во општините во кои е избран градоначалник во првиот круг, ќе се гласа само на претседателските избори. Најголем дел од избирачите ќе добијат по две гласачки ливчиња-едно за избор на Претседател и едно за градоначалник. Во Скопските општини што не избраа општински градоначалници пред две недели и на избирачките места во Македонија на кои се одржува првиот круг од изботите, ќе се гласа со три ливчиња-за претседател, за градоначалник и за совет на општината.
Таму каде што веќе се избрани градоначалниците граѓаните ќе треба да се потпишат само на еден избирачки список. Во општините во кои покрај за претседател се гласа и за градоначалник, повторно ќе има два списока – еден за локалните и еден за претседателските избори.
По желба на гласачите, законот дозволува, тие да гласаат само на локалните, но не и на претседателските избори или обратно. Сепак, избирачите кои гласале само на едниот тип избори, не може повторно да се вратат и да гласаат за другиот тип.

33 општини добија градоначалници во првиот круг. Во Државната изборна комисија посочуваат дека поради снегот и непристапниот терен, 134 гласачки места, во 32 општини, воопшто не беа отворени за гласање пред две недели. Најмногу луѓе, 2904, во првиот круг не можеа да гласаат во Студеничани, а поради снегот во Македонски Брод останаа 25 неотворени гласачки места, најмногу од сите општини.

Во општините во кои е можно овие гласачи да го променат изборниот резултат, утре, ќе се одржи првиот круг од гласањето, додека на другите места се гласа во вториот круг, вели портпаролот на ДИК Зоран Таневски.

,,Според податоците, напоменувам пред да заврши целосната постапка во Управниот суд, избрани се 33 градоначалници, односно за 33 општини. Втор круг ќе се гласа во 43 општини и за градот Скопје. Првиот круг за избор на градоначалници ќе се повторува во осум општини."

На полноќ почна предизборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на утрешниот изборен ден.

Во Советот за радиодифузија велат дека се задоволни од однесувањето на медиумите во изборниот процес. Тие забележале само три прекршувања на изборниот молк пред две недели и против телевизиите-прекршители покренале прекршочни постапки.
Две национални телевизии биле опоменати, информира преседателот на Советот за радиодифузија Зоран Стефаноски.

,,Во споредба со другите изборни циклуси, навистина сме повеќе од задоволни од минималниот број прекршувања, и особено ако се види дека воопшто немало намера, туку едноставно во самата монтажа, во самата техника, некому му промакнало на некој што го организирал сето тоа."

Советот, во моментов, разгледува неколу можни прекршувања што се случиле во периодот меѓу двата изборни круга.

,,Моментално се прави анализа на некои можности за прекршувања, но додека тоа не дојде на официјална седница на советот не би коментирал. Ние го разгледуваме програмскиот сектор и нашата седница во континуитет продолжува, значи тензијата не попушта од нас, изборите не се завршени. Тие завршуваат кога ќе каже ДИК, јас се надевам наскоро."

Евроамбасадорот Ерван Фуере, на предновогодишниот брифинг со новинарите, сериозно ја критикуваше слободата на медиумите. По критиките од Фуере, уште неколкумина странски дипломати посочија дека ако нема балансирано известување во предизборната кампања, изборите не можат да се сметаат за фер и демократски.
Првиот круг од изборите беше оценет како мирен и од домашните и од странските набљудувачи. Невладината организација Цивил, во рамките на поектот Избори без пиштоли, ги набљудува изборите единствоено од аспект на појавата на оружје и оружено насилство, со 15 набљудувачи во 10 општини во Македонија,.

Претседателот на Цивил Џабир Дерала вели дека во овој изборен циклус, оружјето мирувало и забележале само помали проблеми во однесувањето на политичките партии.

,,Што се однесува до оружјето, тоа не проговори во онаа смисла во којашто знае да проговори во претходните изборни процеси. И се разбира нашата проценка е дека оружјето се употребуваше како славенички реквизит, во текот на митинзите, а исто така по затворањето на изборните единици. Тоа не смее да се повтори и еднаш мора да се стави крај на тоа."

За разлика од минатогодишните парламентарни избори, кога мониторинг мисијата на ОБСЕ/ОДИХР распореди 180 набљудувачи, овие избори ОДИХР испрати 300 набљудувачи за следење на изборите.

Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Питер Ајкер вели дека во предизборната кампања, генерално, се почитувале човековите права, но забележале и некои неправилности во првиот изборен круг.

,,ОБСЕ има многу специфична листа барања за кои сите земји партиципиенти се обврзуваат дека ќе ги почитуваат. Тоа значи дека
Сепак, сметам дека треба да го задржиме позитивното напредно движење и да обезбедиме иста атмосфера која беше забележлива во првиот круг. И повторно повикувам луѓето да внимаваат на групното и семејно гласање, што беше случај во првиот круг. Тоа е нерегуларност, која не смее да се дозволи.
генерално ние согледавме дека човековите права се почитуваат, со тоа што имаше слобода на изразување, организирање и активна кампања, во која кандидатите можеа слободно да ги искажат своите ставови пред граѓаните. Имаше мирна и тивка атмосфера, но во исто време, некои други обврски, како тајноста на гласањето на пример. На денот на гласањето забележавме дека семејното гласање е суште проблем. Како што беше и на претходните избори, а со семејното гласање вие немате тајност на гласањето. Исто така го потенциравме проблемот на притисоци и заплашувања на граѓаните во периодот пред гласањето. А, ова е нешто што ние не би сакале да го видиме во еден демократски процес и е спротивно на демократските стандарди,"

вели шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Питер Ајкер.

Американскиот амбасадор Филип Рикер посочува слични пропусти, но ги повикува политичките партии да ја обезбедат истата атмосфера што владееше пред две недели:

,,Имаше прозивања и обвинувања од двете страни во врска со овие избори. Сепак, сметам дека треба да го задржиме позитивното напредно движење и да обезбедиме иста атмосфера која беше забележлива во првиот круг. И повторно повикувам луѓето да внимаваат на групното и семејно гласање, што беше случај во првиот круг. Тоа е нерегуларност, која не смее да се дозволи."

Граѓанската асоцијација МОСТ ги следи изборите со 3750 домашни набљудувачи. Директорот на МОСТ, Дарко Алексов изботите ги оцени како мирни и во согласоност со дел од меѓународните стандарди. Во првиот круг беа забележани семејно гласање, групно гласање и гласање во име на друг човек, вели Алексов.

,,Тоа што го забележавме меѓу двата круга е сериозна недоследност во процесот на табелирање и сумирање на резултати. Тоа значи, дека како такви резултатите не можат да бидат табелирани на начин на којшто ќе придонесат да се појави сомнеж и да се доведе во прашање целокупниот изборен процес."

Во Државната изборна комисија велат дека им сугерирале на општинските изборни комисии, строго да се придржуваат до Изборниот законик за да се избегнат проблемите со пребројувањето на гласовите што се појавија по првиот изборен круг.

,,ДИК одржа состанок со 84те општински изборни комисии при што им беше укажано да го почитуваат строго изборниот законик и да ги спречат сите неправилности увидени во првиот круг,"

вели портпаролот на ДИК Зоран Таневски.

По минатогодишните насилни избори, Европската комисија го воведе одржувањето фер и демократски избори како девета одредница
Доколку во вториот круг за избор на претседател нема доволен одзив на гласачи во тој случај се повторува постапката за избор на претседател, односно се повторуваат изборит
според која ќе го оценува напредокот на Македонија. Министерството за внатрешни работи соопшти дека, во пресрет на изборите, Владата изработила акционен план во кој се содржани задолженијата на сите институции.
Се очекува, утре вечер, да се знајат имињата на градоначалниците и на новиот претседател на Македонија.
Кандидатот што ќе добие просто мнозинство, ќе биде нов Претседател на Македонија, доколку на изборите излезат најмалку 40% од гласачите.
Ако на претседателските изборите излезат помалку од 40 проценти од запишаните избирачи, претседателските избори се сметаат за неуспешни.

,,Доколку во вториот круг за избор на претседател нема доволен одзив на гласачи во тој случај се повторува постапката за избор на претседател, односно се повторуваат изборите."

вели портпаролот на ДИК Зоран Таневски

За локалните избори, во вториот круг не е потребен цензус и градоначалник ќе стане тој што освои повеќе гласови од излезените избирачи.
Според Уставот, претседателот има мандат од 5 години и може на таа функција да се задржи најмногу два мандати. Шефот на државата е главниот претставник на земјата во меѓународната заедница и е главен командант на вооружените сили. Локалните избори се одржуваат еднаш на секои 4 години. Според Изборниот закон, секој полнолетен македонски граѓанин може да се кандидира за градоначалник или советник во местото каде што живее.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG