Достапни линкови

Лидерите на Г20 се договорија


Самит на Г 20 во Лондон

Самит на Г 20 во Лондон

Лидерите од Групата 20 економски најразвиени земји на денешниот состанок во Лондон се договорија за воспоставување на нови финаниски одредби и ги поставија основите за заздравување на економијата. По состанокот британскиот премиер Гордон Браун изјави дека во рамки на Групата 20 е постигнат договор за имплементирање на најголеми стимулативни мерки во светската економија, што воопшто некогаш биле усвоени. Тој изјави дека лидерите се согласиле преку Меѓународниот монетарен фонд и другите финансиски институции да бидат издвоени нови средства во висина од еден билион долари за справување со економската криза. Исто така постигната е согласност 250 милијарди долари да бидат одобрени за финансирање на глобалната трговија во наредните две години.

„Мислам дека се воспоставува нов светски поредок, а со тоа и воспоставување на нова и прогресивна ера во меѓународната соработка. Одлучивме дека од денеска заедно ќе го менаџираме тој процес на глобализација за да обезбедиме одговорност од сите и фер односи.“

рече британскиот премиер Гордон Браун. Лидерите од Групата 20 исто така се договорија преку Меѓународниот Монитарен фонд да им се помогне на сиромашните земји, постигната е согласност банкарската тајна да заврши, и исто така се договорени нови правила за плати и бонуси. Светските берзи реагираа позитивно на веста за постигнување на договор во рамки на Г 20.
XS
SM
MD
LG