Достапни линкови

Медиумите незаинтересирани за изборите


Медиуми
Медиуми
Влијателните медуми во Македонија, потфрлиле известувајќи за предизборната кампања за разлика од минатите избори, е првичниот заклучокот од истражувањето на Македонскиот институт за Медиуми (МИМ). Мониторирани се 6 национални, 6 локални електронски и 4 национални печатени медиуми. И покрај тоа што во исто време се одвиваа два изборни процеси, медиумите не им го дале она значење што се очекувало од нив. Медиумите послабо известувале и квалитативно и квантитивно. Исклучок направиле единствено телевизиите Алсат-М и МТВ. Професорката по комуникологија Весна Шопар наведува неколку причина зошто изборите веќе не им се интересни на медиумите.

„Една од причините, особено за електронските медиуми е онаа непријатна комуникација која се одвиваше од една страна меѓу електронските медиуми и од друга страна меѓу Советот за радиодифузија. А можеби настануваат промени во смисла дека и ние созреваме и дека изборите се активност како и секоја друга активност во една држава и дека медиумите треба да ги ,,покриваат“ и другите активности што се случуваат, ни помалку, ни повеќе.“

Вели Шопар.
Медиумите повеќе беа насочени кон претседателските отколку кон локалните, а и на самите извештати од кампањата им недостасуваше содржина, вели раководителот на проектот Петрит Сарачини.

„Многу малку аналитичен пристап, туку ,,штуро“ информирање и многу повеќе за оние големи теми, а многу помалку за другите теми.“

Од Советот за радиодифузија се задоволни од тоа што медиумите го почитувале изборниот законик.

„И уште поискрено се надевам дека тоа ќе продолжи и понатаму со што и ние како регуларот, но многу повеќе медиумите во Македонија ќе го положат тестот на демократија поставен пред сите нас, со што ќе придонесеме сите заедно за добивање висока оценка за организирање фер и демократски избори.“

Објаснува претседателот на Советот за радиодифузија. Зоран Стефановски. Крајниот резултат од мониторирањето на медиумите ќе биде претставен кон крајот не месецот.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG