Достапни линкови

logo-print

Либерман – Тешко постигнување прогрес во мировните разговори


Новиот израелски министер за надворешни работи Авигор Либерман изјави дека ќе биде тешко да се направи прогрес во мировните разговори со Палестинците, се додека вооружениот Хамас го контролира Појасот Газа. Тој изјави дека за напредок во мировните разговори, Палестинците најпрво мора да му се спротивстават на тероризмот, да ја преземат контролата врз Газа и да го разоружаат Хамас. Либерман вчера изјави дека израелската влада нема обврска кон договорот постигнат во Анаполис, кој предвидува преговори меѓу двете страни за формирање палестинска држава.
XS
SM
MD
LG