Достапни линкови

Владата подготвува нови мерки за справување со кризата


Од Министерството за финансии најавуваат дека работат на нови мерки за справување со кризата. Според експертите, ефектите од последните владини мерки не се гледаат

Владата подготвува нов пакет мерки за справување со ефектите од светската финансиска и економска криза. За сега нема конкретен датум кога овие нови мерки ќе се обелоденат но портпаролот на Министерството за финансии Мартин Мартиновски вели дека нови активности ќе има

„Она што останува во наредниот период, што беше најавено и од највисоко ниво е дека ќе има нови одредени мерки, за што јас сега не би можел да зборувам, а дел од нив сигурно ќе содржат и дел од предлозите кои беа доставувани од коморите.“

Мартиновски додава дека надлежните соработуваат со сите релевантни институции во земјава во борбата против кризата

„Мерките кои беа преземени пред нова година, значи пакетот десет мерки беше направен во консултација со бизнис заедницата.“

Последните владини мерки ги критикуваа од стопанските комори во земјава, апелирајки активностите да се конкретизираат. Но сега,
Не се гледаат многу ефектите, морам да признаам иако тие сметаат дека со тоа што се намалени давачките на одделни претпријатија се спасени од пропаѓање одделни претпријатија
од овие институции немаат коментари.

Од Сојузот на стопански комори велат дека се уште не се подготвени да ги обелоденат конкретните мерки кои тие ги составуваат за справување со кризата. Од Стопанската Комора, пак, се затворени за официјални изјави за медиумите се` до завршувањето на изборите.

Дел од претставниците на бизнис заедницата велат дека не се информирани за било какви промени и не биле консултирани за нови мерки и стратегии, но исто како и коморите одбиваат официјален коментар.
Професорката Марија Зарезанкова Потевска констатира дека до сега не се постигнати посебни ефекти со постоечките мерки

„Не се гледаат многу ефектите, морам да признаам иако тие сметаат дека со тоа што се намалени давачките на одделни претпријатија се спасени од пропаѓање одделни претпријатија.“

Последните активности на коморите во поглед на справување со кризата беа активирање на банката во државна сопственост за директно кредитирање на претпријатијата. Иницијативата беше поднесена до Владата на република Македонија, а предлог - измените на Законот кој ја регулира работата на оваа институција коморите ги дефинираа во соработка со вицепремиерот Зоран Ставревски.

Сепак, за сега нема конкретни најави за активирање на државната банка. Професор Потевска смета дека конкретно во поглед на кредитирањето, компаниите се соочуваат со проблеми кои би се решле со активирање на Државната банка

„Може да биде многу поефикасна ако се претвори во комерцијална, значи не да биде само промотивна, туку комерцијална и да работи со стопанственици.“

Инаку Македонската банка за подршка на развојот за сега не е во можност директно да кредитира претпријатија.
XS
SM
MD
LG