Достапни линкови

logo-print

Надминување на разликите Париз - Пекинг


Претседателите на Франција и Кина Никола Саркози и Ху Џинтао се состанаа во Лондон со цел да ги намалат тензиите поради Тибет. Односите Париз – Пекинг се влошија по средбата што Саркози ја имаше со тибетскиот духовен лидер во егзил Далај Лама кон крајот на минатата година. Кина потоа го откажа самитот со Европската Унија додека преседавач беше Франција. По разговорите Саркози – Ху Џинтао е соопштено дека двете влади имаат намера да стават крај на разликите.
XS
SM
MD
LG