Достапни линкови

Самит Г - 20 во Лондон


Г-20, Рацете на Обама и Браун
Г-20, Рацете на Обама и Браун
Лидерите на 20 - те водечки светски економии денеска ги договараат чекорите за справувањето со глобалната економска криза на Самитот на Групата дваесет во Лондон. ММФ соопшти дека глобалната криза ке ја погоди 2009 како ниедна година досега по Втората Светска Војна.Во 2009- та година според Меѓународниот Монетарен Фонд последиците од кризата ќе бидат огромни и ,според проценките, постои ризик 50 милиони луѓе да останат без работа.Францускиот претседател Никола Саркози и германскиот канцелар Ангела Меркел повикаа за пронаоѓање мерки за поцврста финансиска регулација.

"Целта е да се засилат институциите како ММФ и да им се даде поголема подршка. Секако, многу е важно на Г – 20 да се каже јасно дека во светот нема да има протекционизам. Тоа е најлошиот можен одговор".
Протекционизмот е најлош можен одговор на глобалната криза


изјави германскиот канцелар Ангела Меркел. Американскиот претседател Барак Обама пак изјави дека самитот може да не успее поради поделеноста на земјите околу тоа што е поважно. Тој сугерираше дека земјите треба да се договорат околу она што, според него, е поважно, а тоа е регулирање на стимулативни пакети.

"Јас сум убеден дека на состанокот ке постигнеме голем консензус за потребата да работиме координирано за да се справиме со проблемите. Поделбите меѓу различни страни беа пренагласени".
Консензус за заедничка работа - Поделбите се пренагласени


Британскиот Премиер Гордон Браун пак изјави дека е оптимист дека светските лидер ке постигнат согласност за глобален план за економска обнова и реформи. Според најавите, на самитиот на 20 - те водечки светски економии се подготвува пакет од 750 милијарди долари дополнителни кризни фондови кои ќе бидат дистрибуирани преку ММФ.
Во Лондон се собрани и илјадници демонстранти од анти глобалистичките движења. Демонстрантите се судрија со полицијата и за време на вчерашните протести во финансискиот центар на Лондон едно лице почина.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG