Достапни линкови

Во Лондон Самит на Г- 20 посветен на светската економска криза


Лидерите на водечките светски економии денеска ќе ги договараат чекорите во справувањето со глобалната економска криза на Самитот на Групата дваесет во Лондон. Спроти Самитот, францускиот претседател Никола Саркози и германскиот канцелар Ангела Меркел повикаа за пронаоѓање мерки за поцврста финансиска регулација. Американскиот претседател Барак Обама сугерираше дека е поважно земјите да се договорат околу она што според него е поважно, односно регулирање на стимулативни пакети. Инаку, вчера илајдници демонстранти од антиглобалистичките движења се собраа во Лондон спроти почетокот на Самитот. Во меѓувреме, Меѓународниот Монетарен Фонд посочи дека во 2009- та година последиците од кризата ќе бидат поголеми отколку во која било друга година по втората Светска Војна, како и дека 50 милиони луѓе ризикуваат да останат без работа.
XS
SM
MD
LG