Достапни линкови

Во Грција 24- часовен штрајк


Грција денеска ќе биде парализирана од 24-часовен штрајк, во кој ќе учествуваат вработените во државниот и приватниот сектор, во банките и транспортот, како и новинарите, јавуваат грчките медиуми. Штрајкот е свикан од двете главни синдикални организации во Грција, Здружената конфередација на трудот и Федерацијата на државните службеници. Учесниците во штрајкот ќе го изразат своето незадоволство од бранот отпуштања, кој произлезе од светската финансиска криза и од владините реформи, особено од промените во системот за пензиско осигурување.
XS
SM
MD
LG