Достапни линкови

logo-print

Македонија загуби од Холандија


Холандија вечерва во Амстердам убедливо ја совлада фудбалската репрезентација на Македонија со 4:0 во рамките на квалификациите за СП во Јужна Африка што ќе се одржи следната година. Резултатот го ,,отвори" Кајт во 16–тата минута, а во 25–тата минута вториот го за Холандија го постигна Клас Јан Кунтелар. На четири минути пред крајот на првиот дел Кајт зголеми на 3:0, а конечните 4:0 ги постави Ван Дер Варт. Холандија има максимални пет победи од пет средби, додека Македонија има освоено три бода со победата на Шкотска во Скопје. Следен противник во квалификациите е Норвешка на 6 јуни во Скопје.
XS
SM
MD
LG