Достапни линкови

Македонците патуваат и покрај кризата


Скопје
Скопје
Нема пост за туристичките агенции за престојните велигденски празници. Туристичките работници велат дека имаат многу понуди, но и побарувања, особено за новите дестинаци за кои до сега немало директен првоз. Но, сепак тие заклучуваат дека ако се спореди со минатата година побарувачката е намалена. Од туристичката агенција „Савана“ објаснуваат дека кај нив има пад на побарувачките за престојните празници, но има голема заинтересираност за летните одмори.

„Барселона излезе како нов програм со авион и се пополнува веднаш. Значи ќе оди Барселона, Рим, во мај ќе одат и Париз и имаме и други дестинации.“

Вели Ана Богоевска од „Савана “.Минатата година за велигденските празници, Охрид беше препол со туристи, од кои најмногу странски. Охридските хотелиери велат дека имаат најави за посета од организирани тури, но сепак капацитетите не им се ни до пола исполнети.

„Има влијание кризата, меѓутоа не толку на летната сезона, колку на овој период мај-јуни. Во овој период повеќе доаѓаа странци, а летниот период доаѓаат домашни туристи и оние од регионот. Кај нас не се чувствува толку, кај нас е секогаш криза.“

Објаснува менаџерката на хотел “Дончо“. Граѓаните во услови на криза решиле сепак да не штедат и да се одморат на некое туристичко место . За некои сеуште атрактивна е Грција, а некои сепак решиле празниците да ги поминат дома.

„Па за велигденските празници планирам да одам на шопинг во Грција.“

„Со оглед на мојата финансиска состојба ќе останам дома.“

„Не планирам никаде да одам за празнициве, парите планирам да си ги заштедам.“

Во некои од туристичките агненции освен аранжманите за престојните празници, веќе се распродадени и оние за летната пред сезона. А хотелиерите најавуваат намалување на цените на понудите за да имаат повеќе гости.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG